Путин по енергетската криза: Подготвени сме повторно да испорачуваме нафта и гас за Европа

Макфакс

09/03/2026

19:14

603

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војната со Иран предизвикала глобална енергетска криза и предупреди дека производството на нафта зависно од транспортот низ Ормутскиот теснец би можело да запре.

Тој порача дека Русија е подготвена повторно да ја снабдува Европа со нафта и гас, доколку европските земји одлучат да ја обноват соработката.

„Ако се одлучат да се преориентираат и да ни понудат долгорочна соработка без политички притисоци, подготвени сме да соработуваме и со Европејците“, изјави Путин.

Цената на нафтата денес надмина 100 долари по барел и достигна највисоко ниво од 2022 година, бидејќи Ормутскиот теснец е практично затворен поради војната со Иран.