Оваа европска земја се претвора во „нарко-држава“: Бандите се закануваат и поставуваат бомби, ангажираат деца да крадат кокаин, полицијата и судиите во постојан страв

Точка

09/03/2026

17:09

948

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Апелациониот суд во Антверпен, Барт Вилокс, изјавил дека Белгија е ранлива на криминал поради шверцот со дрога преку огромното пристаниште во градот, една од главните влезни точки во Европа за шверцерите на кокаин, откако неименуван судија предупредил дека земјата се претвора во „нарко-држава“ каде што мафијашките групи формираат „паралелна сила“ во општеството.

„Количината на пари, која се користи за влијание врз луѓето, за корупција и за поткуп е толку голема што навистина претставува опасност за стабилноста на нашето општество“ рекол Вилокс за „Гардијан“.

„Белгија станува нарко-држава“

Минатиот октомври, суд во Антверпен објави отворено писмо од анонимен истражен судија, кој предупредил дека Белгија се претвора во нарко-држава, а широките мафијашки структури се вкорениле, напишал анонимниот судија. Вилокс истакнал дека Белгија работи на тоа да избегне да стане нарко-држава, но дека тоа е моментална закана.

Главниот обвинител за регионот Антверпен и Лимбург, Гвидо Вермејрен, рекол дека се согласува со анонимниот судија и дека Белгија станува земја со многу корупција, со многу закани.


Според Европол, повеќе од 70 отсто од кокаинот што влегол во Европа во 2024 година дошол преку Антверпен и Ротердам, иако агенцијата минатата година соопшти дека криминалците повеќе ги користат помалите пристаништа.

Проблемот на Белгија произлегува од растечките количини на дрога што доаѓаат од Јужна Америка, главно од Колумбија – рекордни 121 тони кокаин биле запленети во земјата во 2023 година, а 44 тони во 2024 година, што според официјалните лица би можело да биде резултат на подобро хемиско прикривање на дрогата и преместување на операциите на криминалците во помали пристаништа.

Бандите им се закануваат на пристанишните работници

Се верува дека организирани банди наркомани стојат зад заговорот за киднапирање на белгискиот министер за внатрешни работи во 2022 година и серијата пукања во Брисел во 2025 година.


Во еден случај, криминалците платиле повеќе од 250.000 евра на пристаништен работник за да премести еден контејнер, а пристанишните работници кои се двоумат или одбиваат да им помогнат на бандите се соочуваат со закани и бомбашки напади.

„Тие добивале писма, фотографии од нивните деца. Имало напади врз нивните куќи со рачно изработени експлозиви“ нагласил Вермејрен.

Ангажирале и деца да крадат кокаин

Деца на возраст од само 13 години добиле мали суми за да влезат во пристаниште и да крадат кокаин, рекол обвинителот, додавајќи дека бандите „не се заинтересирани што се случува со овие луѓе“.


Вермаерен, исто така, опишал како бандите обучувале млади луѓе, им помагале да најдат работа во пристаништето, а потоа им вршеле притисок да ги извршуваат нивните наредби.

Тој, исто така, опишал инцидент во март 2024 година кога полицијата спречила обид на четворица мажи вооружени со автоматско оружје да украдат повеќе од 1.500 тони запленет кокаин од царински магацин.

Судиите живеат во безбедни куќи

Вилокс додал дека полициските и болничките службеници биле подмитувани или заплашувани за да дадат доверливи информации за јавните службеници, како што се домашните адреси на судиите.


Белгиските судии сè почесто мораат да живеат во безбедни куќи, а Вермаерен рекол дека познава неколку луѓе кои биле под постојана заштита, како што е анонимен судија кој живеел во безбедна куќа четири месеци.