Популарниот доктор Михаил Варшавски, попознат како д-р Мајк, изјави дека со откривањето на името на актерката не ја прекршува доверливоста, бидејќи никогаш немале официјален однос лекар – пациент.
Докторот и интернет ѕвезда, д-р Михаил Варшавски, познат како д-р Мајк, неодамна сподели необична приказна за славна актерка која му се обратила со невообичаено прашање. Таа сакала да знае дали е безбедно да се пие сопствената урина. Приказната ја раскажал во поткастот „The Basement Yard“.
За време на разговорот со водителите, д-р Мајк рекол:
„Пред некој ден една позната личност ми испрати порака и ме праша дали треба да пие сопствена урина, бидејќи наводно тоа го прави нејзина пријателка.“
Тој нагласил дека откривањето на идентитетот не ја нарушува медицинската доверливост, бидејќи меѓу нив не постоел официјален однос лекар – пациент. Потоа открил и за кого станува збор.
„Ова првпат го кажувам јавно. Кристен Бел, не можам да поверувам дека сериозно размислуваше да ја испиеш сопствената урина!“, изјавил д-р Мајк.
Објаснил дека на тоа влијаела колешка која тврдела дека и самата пие урина, а подоцна се покажало дека станува збор за актерката Жустин Лууп.
Кристен Бел и самата претходно зборувала за ова прашање, гостувајќи во поткастот на својот сопруг Дакс Шепард.
„Го прашав: ’Имам пријателка која пие сопствена урина. Кои се придобивките, а кои ризиците? Дали некогаш сте слушнале нешто за тоа?‘“
Д-р Мајк наводно ѝ одговорил:
„Искрено, звучи лудо, но мислам дека не би ѝ наштетило.“







