Латино ѕвездата Шакира се најде на удар на критики на социјалните мрежи откако се појави видео од нејзиниот минатогодишен настап во Мексико, каде што игнорирала камерман кој паднал пред неа.
Снимката од концертот од септември, кој го одржала во Веракруз, повторно почна да се споделува на мрежите, првенствено на мрежата X, а пејачката ја критикуваат поради однесувањето.
На снимката може да се види како таа минува низ публиката за да стигне до бината и да го започне настапот, а при тоа пред неа одел камерман кој ја снимал.
Имајќи предвид дека одел наназад, тој се сопнал и паднал, а додека другите во околината притрчале да помогнат, пејачката го погледнала шокирано и потоа продолжила кон бината.
На мрежите се нижеа критики поради нејзиното игнорирање на камерманот, при што тврдеа дека требало да застане и да провери дали е добро. Други сметаа дека нејзиното одложување на излегувањето на бината би го нарушил целиот настап и дека реакцијата била оправдана.

Само една објава собра повеќе од 2,5 милиони прегледи и многу коментари.
Пејачката концертот во Веракруз го одржа во рамки на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“. Минатиот месец исто така пееше во Мексико, и тоа во главниот град, каде што собори рекорд откако на нејзиниот бесплатен концерт присуствувале 400.000 луѓе.








