[ФОТО] Во прашума во Перу откриена црно-жолта пеперутка: Именувана по познат фудбалски клуб, а цената за тоа била 2.800 евра

Точка

05/03/2026

16:02

392

Големина на фонт

а а а

Црно-жолта пеперутка е откриена во дождовна шума во Перу. Овој инсект официјално е наречен „ваневригтиа борусиадортмунд“ (vanewrightia borussiadortmund) по познатиот германски фудбалски клуб „Борусија Дортмунд“.

Пеперутката, со распон на крилјата од околу три сантиметри, за првпат е опишана пред неколку години во Амазон и се смета за редок вид, бидејќи досега се регистрирани само четири примероци, објавува „Билд“.


Иницијативата потекнува од биологот Петер Клаусмаер од Дортмунд, долгогодишен навивач на фудбалскиот тим „Борусија Дортмунд“, кој сакал да ја поврзе својата љубов кон клубот со заштитата на природата.

Клаусмаер го купил името испраќајќи донација до организацијата „Биопат“, чии приходи одат за истражување и мерки за заштита на биолошката разновидност во земјите од кои потекнува видот. Тој платил 2.800 евра за правото да ја именува пеперутката.

Црно-жолтата боја на пеперутката наликува на дресот на клубот, а според биологот, жолтите крилја веројатно служат за одвраќање на предаторите.

Клаусмајер истакнува дека овој вид спонзорство ѝ помага на науката, бидејќи секоја година се откриваат околу 10.000 нови видови растенија и животни, а истражувачите бараат начини финансиски да го обезбедат описот и проучувањето на новите видови.