Прво одбија да ја пеат химната, сега испратија силна порака: Иранките салутираа пред натпреварот со Австралија

Точка

05/03/2026

15:01

388

Големина на фонт

а а а

Фудбалерките на Иран салутираа пред натпреварот со домаќинот на Азискиот куп.

Додека во Иран траат судири и политички тензии, женската фудбалска репрезентација настапува на континенталното првенство во Австралија. На еден од натпреварите, играчките за време на интонирањето на химната ја подигнаа раката во знак на поздрав, што беше протолкувано како симбол на поддршка кон државните институции и војската.

На претходниот натпревар репрезентативките не ја пееја националната химна, што веднаш предизвика бројни коментари. Едни сметаа дека тоа е вид протест против барањата на властите со јавно пеење на химната да покажат лојалност, додека други претпоставуваа дека гестот е поврзан со емотивни реакции на вестите од татковината, вклучувајќи и трагедија во која загинаа деца.

Како можност се споменуваше и ситуацијата на бојкот поради фудбалерката Захра Азадпур, која беше убиена со огнено оружје на 9 јануари за време на протестите во Караџ, во близина на Техеран. Станува збор за фудбалерка која настапуваше во фудбалската лига на Иран и беше повикана на подготовките на националниот тим пред Азискиот куп во Австралија, а со која останатите репрезентативки биле блиско поврзани.

Сега ситуацијата беше поинаква — играчките ја пееја химната, а притоа и салутираа. Тој потег може да се толкува како израз на единство со државата во тежок период, иако е тешко со сигурност да се каже дали станува збор за политичка порака или за спортски протокол. Како и да е, уште еден гест на фудбалерките на Иран привлече внимание во јавноста.