Стефан Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов!

Точка

05/03/2026

12:02

234

Големина на фонт

а а а

По успешното прво издание на Lazarov Awards кое минатата година донесе масовна поддршка, силна енергија и атмосфера за паметење, предизвикувајќи огромен интерес и обединувајќи илјадници луѓе околу една заедничка приказна, Стефан Лазаров официјално го најавува и второто издание на настанот што за кратко време прерасна во симбол на благодарност кон публиката и заедништво со заедницата.

Со двата објавени видео тизери, Лазаров јасно порачува дека ветувањето дадено по првото издание не било само момент на емоција, туку почеток на континуитет. Првиот тизер нѐ навраќа на чувството и поддршката што го одбележаа премиерното издание, отворајќи ја дилемата дали приказната продолжува. Вториот тизер веќе ги открива и првите конкретни информации – подготовките се во тек, концептот е поставен, а организацијата влегува во поинтензивна фаза.


Годинава Lazarov Awards ќе се одвива низ два значајни датуми – 20 април и 3 јуни. Првиот настан ќе претставува вовед во главната приказна, со специјална програма, маестро Игор Џамбазов, бенд, гости и ограничен број посетители со ВИП пристап, додека 3 јуни е најавен како централниот настан на годината. Амбицијата е второто издание да донесе уште посилно продукциско искуство и уште поголема вклученост на заедницата.

Како и лани, и оваа година ќе се подаруваат вредни подароци како директен израз на благодарност за довербата и континуираната поддршка. Идејата останува иста – да се создаде настан што не е само церемонија, туку платформа што ја слави поврзаноста меѓу креаторот и неговата публика.


Lazarov Awards влегува во својата втора година со јасна порака дека приказната продолжува да расте и да се развива. Повеќе детали за програмата и активностите ќе бидат објавени наскоро преку официјалните канали.

Следи нешто добро.