Лос Анџелес Лејкерс влезе во позитивна серија во НБА лигата, дојде до третата победа во низа и тоа против ривалот од западната конференција Њу Орлеанс Пеликанс.
„Езерџиите“ славеа со 110:101 во мечот во кој двете екипи добија по две полувремиња, но кога беше најпотребно и најважно фаворитот го имаше последниот збор и завршните 12 минути ги реши со 34:23.
Дончиќ забележа дабл-дабл од 27 поени и 10 скока, Џејмс имаше 21 поен со 7 скока и 7 асистенции, а двоцифрени беа и останатите членови од старната паторка Ривс, Ејтон и Смарт. Наредниот меч за Лејкерс е против Денвер Нагетс што ќе биде вистински тест за тоа дали формата оди во нагорна линија или само е моментален блесок, добар распоред во изминатиов период.
Кај поразените Вилијамсон беше автор на 24 поени.
Составот пак на Кливленд и услугите на најдобриот играч Мичел успеа да триумфира против лидерот на Истокот, Детроит Пистонс со 113:109.
Ова беше неизвесно соочување, борба од првата од четвртата четвртина во која решаваа нијанси кои беа на страната на домаќините. Тајсон уфрли 22 поени, Харден и Мобли додадоа по 18, додека на другата страна Дурен беше во фокусот со двоен учинок од 24 поени и 14 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Далас 117-90
Кливленд – Детроит 113-109
Орландо – Вашингтон 126-109
Мајами – Бруклин 124-98
Торонто – Њујорк 95-111
Чикаго – Оклахома 108-116
Минесота – Мемфис 117-110
Филаделфија – Сан Антонио 91-131
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 110-101
Сакраменто – Феникс 103-114












