Фернандеш продолжува да испишува историја во дресот на Јунајтед

Дерби

02/03/2026

12:47

300

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед издвојува победа над Кристал Палас и на тој начин дојде до третото место на табелата во Премиер лигата.

Избраниците на Карик направија пресврт во второто полувреме, пресврт во кој клучна улога одигра капитенот Бруно Фернандеш со гол и асистенција. Прво го реализираше пеналот во 57 минута, а потоа во 65 испрати топка по која Шешко го матираше Хендерсон.

Ова го однесе Португалецот подлабоко во историјата на Јунајтед, па така го остави зад себе легендарниот Дејвид Бекам. Имено ова беше 18 различен натпревар во кој Бруно дава гол и асистира за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата.

Пред него се само Вејн Руни (35) и Рајан Гигс (22).

Исто така офанзивецот дојде и до бројка од 100+ голови и 100+ асистенции за Јунајтед, поточно стана само трет играч со ваков учинок по Вејн Руни и Рајан Гигс.