Арсенал успеа да оствари победа над Челси од 2-1 и со тоа да остане на врвот на табелата со плус пет во однос на Манчестер Сити.
„Топчиите“ повеќе од 30 минути имаа играч повеќе на теренот, ама не успеаа навреме да го решат прашањето околу победникот и до самиот крај стравуваа дека можат да останат без целио план.
Малку фалеше домаќините да доживеат вистински шок во судиското продолжение кога голманот Давид Раја изведе фантастична одбрана по топката која ја уфрли Гарначо и која сигурно ќе завршеше во мрежата да не беше Шпанецот.
- Давид е еден од нашите лидери без сомнеж. Тој е голман кој знае како да го задржи фокусот и да го реши натпреварот кога ви е потребен. Понекогаш воопшто не учествува, а потоа одеднаш мора да дејствува и одбраната што ја направи во последната акција – тоа беше неверојатен шут и срцето речиси ми застана, но тој повторно се истакна.
- Беше фантастична одбрана, но не требаше да бидеме во таа позиција. Се обидувам да останам смирен, но не ја добивме доминацијата што ја сакавме против десетмина. Сите страдаат, а разликата е толку мала, но добро е. Во март сме во секое натпреварување и сме токму таму, - истакна Артета.






