Чај којшто го обновува и закрепнува целото тело: Ја јакне крвната слика, го намалува шеќерот во крвта, ги чува бубрезите...

Точка

28/02/2026

14:00

835

Големина на фонт

а а а

Можете да берете коприви од февруари до мај, а сè што треба да направите е да ги вклучите во вашата исхрана што е можно повеќе.

Нов тренд е здравата исхрана, па затоа сè повеќе луѓе во тој дух одлучуваат да се „ослободат“ од сите зависности, вклучително и од кафето. Наместо кафе, обично се пие чај, во овој случај направен од коприва.

Копривата е богата со витамини, минерали и лековити супстанции. Листот од коприва ефикасно ги ублажува ревматските тегоби, бидејќи значително ја намалува болката при движење и во мирување.


Се препишува за внатрешна употреба како диуретик, бидејќи може да го подобри отстранувањето на натриум и урична киселина и да ја олесни состојбата на коревматизам и артритис.

Исто така, лабораториските тестови спроведени во Германија во 1999 година покажале дека листовите од коприва имаат силно антиинфламаторно дејство. Копривата делува против дијареја и помага при хемороиди. Чајот се користи за испирање на уринарниот тракт, за спречување на формирање песок во бубрезите, за зголемување на количината на урина и за сите воспалителни процеси во телото.

Копривата, исто така, го намалува нивото на шеќер во крвта, поради што се користи во бројни мешавини на чај против дијабетес.

Чајот од коприва е добро средство за зајакнување, бидејќи го стимулира апетитот, го снабдува телото со железо и има успешно дејство против замор. При надворешна употреба, копривата се користи за лекување на акни, егзема, мрсна кожа и првут.

Кога се бере копривата?

За јадење се користат листовите и врвовите на младото растение, кои се берат од крајот на февруари до мај, а понекогаш може повторно да се најдат во есенските месеци. Нежните врвови на растението со четири до шест листови треба да се берат со ракавици каде што стеблото е сè уште меко. Коренот се бере во есен и пролет, а потоа се користи свеж или сушен. Можете да подготвите млада коприва како спанаќ, а од неа се прават и сосови, салати, супи, пити и други јадења.


Подготовка на чај од коприва

Потребни ви се:

2 лажички листови од коприва;
250 мл вода.

Подготовка:

Прелијте свеж или сушен лист од коприва со врела вода, оставете го покриен десет минути, а потоа процедете.

Примена:

Пијте по една шолја секој ден за ревматски болки, замор, анемија и недостаток на апетит.

Во само една шолја има лек кој успешно се бори против многу здравствени проблеми.