[ВИДЕО] Миа Костова за првата љубов на 14 години: „Се заљубив во мафијаш од Центар - ми правеше проблеми кога излегував, знаеше да прелета и по некој шамар“

Точка

27/02/2026

16:31

1.275

Големина на фонт

а а а

Миа Костова и Сергеј Варошлија се многу добри пријатели и со години негуваат близок однос исполнет со меѓусебна поддршка, љубов и почит.

Токму затоа, кога Миа вчера гостуваше во поткастот „Урок“, чиј домаќин е Сергеј, разговорот со неа имаше поинаква длабочина. Тој ѝ постави прашања за аспекти од нејзиниот живот што речиси никој не ги знае, а како нејзин долгогодишен пријател кој бил покрај неа и во најсреќните, но и во најпредизвикувачките периоди, сакаше да ја охрабри отворено да проговори и за тие теми.

Во поткастот зборуваа за нејзините почетоци на телевизија, за работењето во култниот Хард Рок, естетските корекции, фотосесијата за Плејбој и многу други теми, а меѓу другото и за токсичната врска со човек кој бил нејзина прва љубов.

Кога Сергеј ја замоли да ја раскаже приказната, ѝ кажа дека смета дека може да биде инспиративна за девојчињата, но и за момчињата во денешно време.


„Тоа ми е првата љубов. Не знам дали знаеш дека човекот почина пред 2-3 месеца. Јас сум тогаш многу мала и се заљубувам и губам глава. Тогаш сум осмо или прва година средно и се заљубувам во алфа мажјак, мафијаш од Центар, којшто млати сè пред себе и слично.

Ми правеше многу проблеми кога излегував, знаеше да ме начека во диско, да ме извади од диско, зошто сум била со другарките, да ми забрани на голем одмор да одам да прошетам ако не сум во кругот...

Види, 14 години се 14 години и верувам дека многу деца на 14 години мислат дека тоа е исправно, дека е знак на љубов, дека се грижи за мене, дека тој е посветен дечко и дека ова ќе трае од сега па натаму и засекогаш“, раскажа Миа, која призна дека „знаел да прелета и некој шамар“.

За среќа, како што вели таа, нејзините во вистинско време дознале за врската со тоа што ѝ го пронашле дневникот во кој запишувала сè до детали.

„Се враќам од школо еден ден, влагам во детска соба, таа е демолирана, а јас не знам дали некој влегол да краде или што се десило. Сфаќам дека ми е најден дневникот. Тогаш го изедов последниот ќотек од татко ми, затоа што мислам дека беше толку вознемирен што јас не сум кажала дома што се случува, туку на многу страшен начин дознаа.

Од овој аспект, тие изреагираа одлично како родители. Татко ми одеше со мене во школо и седеше на голем одмор со мене, за тој да не ми се приближи.

Тоа добро заврши, иако човекот знаеше да ми се појави и после години, негде да ми се појави, во диско... и јас имав трауми кога ќе го видев, се подзакочував и сакав веднаш да бегам.

Имаше една страшна случка во Градиште, кога исто така се појави, ми препречи пат, тука се најдоа некои луѓе што ги знаеме. И мајка ми тргна да го брка, се случи сериозна фрка. Тогаш таа имаше последен пат комуникација со него тет-а-тет и му рече: ‘Ако ѝ фали влакно, нема да те најдат кај си’.

Следно што знам е дека заврши во затвор, затоа што си беше таков ков и сега скоро дознав и дека починал“.