Британскиот актер Кристијан Бејл се прошета по црвениот килим на премиерата на својот нов и долгоочекуван филм „Невестата“ (The Bride) во одлично друштво.
Иако ретко ја гледаме во јавноста, поранешна манекенка со потекло од Србија, Сандра Сиби Блажиќ овој пат дошла да го поддржи сопругот, а со Бејл е во брак веќе 26 години.
50-годишниот актер, кој во филмот го толкува ликот на Франкенштајн, позирал во целосно црно издание – црн костум и црна кошула, а модно се усогласил со сопругата.

55-годишната Сиби пристигнала на премиерата во елегантен миди-фустан со долги ракави и деколте во форма на срце. Својот изглед го надополнила со пар едноставни потпетици и кожна чанта.

Инаку филмот „Невестата“ ја раскажува приказната за создавањето на невестата на популарното чудовиште, а го режирала Меги Џиленхол. Невестата ја толкува ирската актерка Џеси Бакли, која на премиерата пристигнала во речиси проѕирен, но впечатлив фустан.

Кристијан неодамна открил дека неговата трансформација за улогата во филмот се покажала како најпредизвикувачка досега и покрај тоа што од него не барала никаков напор. Потсетуваме, Бејл е познат по своите претходни впечатливи улоги за кои слабеел, па се здебелувал, интензивно тренирал и слично, па затоа беше необично да се слушне од него дека токму оваа трансформација сепак била најтешката досега.
За да се внесе во ликот, Кристијан морал да поминува по шест часа дневно на шминкање, а долгото седење речиси го „полудувало“. Неактивноста ја доживувал како вистинска борба, па морал „секој ден да вреска како луд“ на сетот, објаснувајќи:
„Само за да го ослободам очајот, целата таа воздржаност што мораш да ја покажеш кога толку долго седиш мирно… Не сакав да го правам тоа додека се возам на работа, бидејќи мислев дека би можел да предизвикам сообраќајна несреќа. И не сакав да го правам тоа сам, бидејќи мислев дека сите ќе помислат дека полудувам“, пренесе „Дејл меил“.


Сиби, чие вистинско име е Србослава и Кристијан се запознале на една забава кон крајот на 90-тите години, а својата љубов ја крунисале со венчавка во 2000 година во Лас Вегас. Заедно имаат две деца: ќерката Емелин Лука и синот Џозеф, кои ретко се појавуваат во јавност.













