Манчестер Сити успешно го одработи предизвикот во 27. коло во англиската Премиер лига и тоа против Њукасл кој беше совладан со 2-1.
Ова беше победа која „граѓаните“ мораа да ја остварат по големиот кикс на Арсенал против „фенерџијата“ Вулверхемптон, цел која ја остварија и сега се само на минус два во однос на лидерот на табелата.
Неочекуван херој на клубот од Манчестер беше Нико О’Рајли кој станува се позначаен и позначаен фудбалер во почетната постава на Пеп Гвардиола, играч кој може да одговори на повеќе позиции. Нико беше автор на двата погодоци, партија за која доби комплименти токму од предводникот на екипата.
-Нико ни ја дава на средината таа физичка способност што ни е потребна. Тој сега игра на својата позиција. Секогаш играл на таа позиција, толку е комплетен и толку млад. Навистина сум задоволен што академијата ги произведе овие неверојатни играчи, Нико, Фил [Фоден], Рико [Луис] ,-истакна Гвардиола.








