[ВИДЕО] Зејнулаи го реши дербито во Кратово, Шкендија ја мина Струга на прволигашката табела

Дерби

22/02/2026

15:28

132

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Шкендија издвојуваа победа над Силекс од 2-1 во дерби натпреварот од 19. коло во Првата македонска лига.

Ова беше меч кој можеа да го добијат двете екипи, но актуелниот првак во самата завршница даде убав погодок преку Зејнулаи и тоа откако неколку минути претходно Мишов не реализираше зицер за клубот од Кратово.

Инаку првите два гола на соочувањето паднаа во првото полувреме преку Тамба во 17 и Бутуровиќ во 45 минута.

Со овој триумф Шкендија ја продолжи победничката серија во шампионатот и ја мина Струга Трим Љум на табелата, поточно сега пред нив е само лидерот Вардар со шест бода предност.