[ФОТО] Најсеверниот град во Европска унија лежи на дури 330 острови: Во зима има само 5 часа сонце, а во лето дури 19

Точка

22/02/2026

16:46

1.161

Големина на фонт

а а а

Го нарекуваат главен град на најсреќната земја во светот. Воедно е и еден од најбезбедните градови на планетата, еден од најзелените и најодржливите, како и место со една од најчистите води за пиење.

Сите тие епитети се среќаваат на една адреса, во град кој изненадува на секој чекор, а најинтересното допрва следува. Во продолжение занимливостите за Хелсинки што можеби сè уште не ги знаете.


Хелсинки се протега на 330 острови

Хелсинки, на пример е град во чии административни граници се крие вистинско мало островско чудо – дури 330 острови. Меѓу нив се и оние на кои се наоѓа Суоменлина, величествена тврдина под заштита на УНЕСКО, како и Валисаари и Пихлајасаари, кои многумина ги вбројуваат меѓу задолжителните ако сакате да заминете на излет надвор од градот.


Посебно место зазема Рајасаари, остров кој има сосема поинаква приказна. Целосно е посветен на кучињата, па таму можат слободно да трчаат и истражуваат без поводник.


Најстудениот меѓу северните главни градови

Со околу 700 илјади жители, односно дури 1,2 милиони во поширокото градско подрачје, Хелсинки ја носи титулата најсеверен главен град во Европската Унија. Воедно е и најстуден меѓу петте нордиски престолнини.


Зимите таму се долги и сурови, температурите во просек се задржуваат под нулата, а забележан е и рекорд од – 34,3 Целзиусови степени. Во најстудениот дел од годината градот е осветлен со само пет до шест часа дневна светлина, додека летото носи сосема поинаква слика, со дури 19 часа сонце кое речиси и не заоѓа.

Гград познат по неверојатната архитектура

Благодарение на светлиот гранит од кој се изградени бројни репрезентативни градби во центарот на градот, Хелсинки со гордост го носи прекарот „Белиот град на северот“. Но неговата привлечност не застанува само на впечатливата боја на фасадите. Градот е познат по извонредната архитектура која складно ги спојува историјата и современоста. Во 2012 година оваа вредност беше потврдена со титулата Светска престолнина на дизајнот, а токму архитектонските достигнувања денес се меѓу неговите најпрепознатливи и најпосетувани атракции.


Поморската тврдина Суоменлина, која веќе ја споменавме, дефинитивно е една од нив. Катедралата на Сенатскиот плоштадот е една од најфотографираните градби во целата земја. Темпелиаукио, познатата црква во карпа е уште едно место што не смее да се пропушти, како и библиотеката Ооди. Хелсинки е место каде што се „бакнуваат“ минатото и модерноста.

Хелсинки е град кој живее за сауни

Хелсинки е главен град на земја која е „луда“ по сауни, па во тој контекст ни тој не отстапува. Имено, во целата земја има најмалку 3,3 милиони сауни (и 5,5 милиони жители), што значи дека сауните се насекаде – а така е и во Хелсинки.


Градот може да се пофали со дури 3000 сауни, од старински и традиционални, до модерни, од оние во станбени згради до сауни во канцеларии. И не чуди што велат дека во Финска има повеќе сауни отколку автомобили.

Хелсинки го има најсеверното метро во светот

Главниот град на Финска е познат и по тоа што го има најсеверното метро во светот, а важи и за град создаден за љубителите на природата. Имено, може да се пофали со околу 250 километри патеки – од крајбрежни шеталишта до шумски патишта – и сето тоа во близина на центарот. Секако, тука е и цела низа острови кои се многу лесно достапни во потоплиот дел од годината.


Хелсинки има посебен однос со Талин

Хелсинки живее во своевидна симбиоза со главниот град на Естонија, прекрасниот Талин. Ги разделува Финскиот Залив и околу осумдесетина километри, но и покрај таа морска оддалеченост, двата града се силно поврзани и секојдневно испреплетени.


Траектите пловат во двата правци во текот на целиот ден, а патувањето меѓу нив стана дел од вообичаената рутина. Многу Финци заминуваат во Талин на шопинг или на кратки излети, додека жителите на естонската престолнина често доаѓаат во Хелсинки поради образование, работа и нови можности што таму ги наоѓаат.