Овие мали бобинки можеби кријат голема тајна за зачувување на нашите умови и тела во иднина!
Ова одлично овошје е многу здраво, но не се зборува за него толку колку што треба...
Едно мало, но моќно овошје - брусницата, може да го држи клучот за зачувување на меморијата и спречување на деменција! Истражувачи од британскиот Универзитет во Источна Англија откриле дека дневната консумација на брусница може да биде клучот за подобрување на меморијата. Исто така, за забавување на развојот на деменција, па дури и за намалување на „лошиот“ холестерол.

Студијата следела 60 здрави испитаници во текот на 12 недели. За време на студијата, половина од нив консумирале прав од брусница дневно, додека другата половина добивале плацебо. Резултатите биле изненадувачки. Испитаниците кои консумирале брусница покажале значително подобрување на меморијата во секојдневните настани, каде што имале и подобра циркулација на крвта во мозокот, па дури и намалување на нивото на „лош“ холестерол.
Д-р Дејвид Возур, водачот на истражувањето, истакнува дека ова е една од првите студии што го истражува долгорочното влијание на брусницата врз когнитивните способности и здравјето на мозокот. Резултатите биле многу охрабрувачки. Тие можат да послужат како основа за идни истражувања за влијанието на брусницата и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.
Брусницата е позната по својата моќ во борбата против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидантите како што се витамините Ц и Е, како и флавоноидите. Покрај тоа, таа е богата со растителни влакна, кои можат да помогнат во промовирањето на здраво варење и зачувување на здравјето на уринарниот тракт.

Овие мали бобинки можеби кријат голема тајна за зачувување на нашиот ум и тело во иднина!









