Обезностa е здравствен проблем со кој што се соочува околу 30–35% од возрасното население во Македонија.
Дополнително, 30,4% од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со вишок килограми, што е алармантен показател за прехрамбените навики во нашата земја. Овие бројки јасно ja укажуваат потребата од системски и долгорочни мерки за поттикнување на здрави прехрамбени навики и активен начин на живот уште од најрана возраст. Пристапот кон здравата исхрана не треба да се доживува како напор или обврска, туку како природна и лесна животна навика која го подобрува целокупното здравје. Здравата храна не значи помалку вкусна храна, напротив кога трпезата е полна со свежи и нутритивно богати намирници, оброците стануваат уште повкусни.
Затоа, сега е вистинскиот момент целото семејство да притисне „reset“ и да внесе свежи, здрави навики во исхраната и животниот ритам. Во маркетите насекаде низ земјава достапни се високо нутритивни производи створени токму за да можете да оддржувате балансирана исхрана со сите хранливи материи, витамини и минерали кои ви се потребни. Контролата на внесот на калории и изборот на поквалитетна, помалку преработена храна се клучни за здрав нутритивен баланс. Исфрлете ги додадените шеќери, адитиви, солта и индустриски преработената храна, бидејќи токму тие се меѓу главните ризик-фактори за здравјето и главните предизвикувачи на обезност. Тајната е во рамнотежата, наместо рестрикции, а фокусот треба да биде на паметни избори. Малите промени како замена на газирани пијалаци со комбуха или овесен напиток, грицки со здрави протеински ужинки, или домашен оброк наместо брза храна – носат големи резултати на долг рок. Нека зеленчукот, овошјето и протеините станат главни ѕвезди во кујната, а појадокот богат со растителни влакна, гранола, мусли и житарици – утрински ритуал за целото семејство. А, чоколадните колачиња за малите авантуристи секогаш нека ви бидат при рака за да ја задоволат желбата за благо, а сепак тоа да биде здраво
Претворете ја подготовката на храната во заедничка семејна активност: одете заедно во маркет, дозволете им на децата да избираат намирници и да учат да ги читаат декларациите, а вие објаснете им зошто здравите избори се важни. Вклучете ги во подготовката на ужинките за училиште или во семејниот ручек – така здравата исхрана станува игра и навика, а не обврска.
Живееме во земја која изобилува со сончеви денови, идеални за активности на отворено – спортување во природа, возење велосипед или едноставно повеќе движење во текот на денот. Токму малите промени во секојдневните навики се оние што носат најголема разлика. Кога здравата исхрана ќе се прифати како стил на живот, а не како краткорочна диета, таа станува едноставна, одржлива и пријатна за целото семејство. А кога сите се вклучени во процесот, здравите избори природно се претвораат во заедничка рутина – лесна, забавна и одржлива на долг рок.
Комерцијален текст
















