Темни подочници и нивните причини: Како природно да се борите против темните кругови

Точка

19/02/2026

16:38

306

Големина на фонт

а а а

Подочниците најчесто се естетски проблем поврзан со стареењето и животните навики, но понекогаш можат да бидат и сигнал за здравствена состојба. Кога причината е козметичка, со мала дисциплина и природни третмани може значително да се ублажи нивната појава

Зошто се појавуваат подочници?

Стручњаците наведуваат неколку најчести причини:


• наталожување на темен пигмент (меланин), кој предизвикува потемнување околу очните капаци

• губење на масно ткиво под очите како дел од природниот процес на стареење

• ослабена циркулација и застој на крв во ситните вени околу очите

• лоши навики како пушење, прекумерна консумација на кофеин, недостиг на сон и преголема изложеност на сина светлина

Комбинација од домат и наут

Доматот е богат со антиоксиданси кои можат да ја намалат дисколорацијата и да ја осветлат кожата. Исцедете сок од домат, додадете половина лажичка лимонов сок и две лажички ситно мелено брашно од наут. Нанесете ја смесата под очите, оставете да делува 15–20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.


Ладни кругови од компир

Компирот содржи природни состојки што помагаат во избелување на кожата и намалување на отокот. Изладен компир сомелете го и исцедете сок. Натопете памучни тупфери и ставете ги на очните капаци и подочниците околу 20 минути, па исплакнете со ладна вода.

Белки од јајце

Белките ја затегнуваат кожата, ја поттикнуваат циркулацијата и делуваат смирувачки. Одделете ја белката, изматете ја додека не стане пенеста и нанесете тенок слој под очите. Оставете да делува околу 15 минути. Додека се суши, ќе почувствувате благо затегнување.


Маска од сода бикарбона и камилица

Подгответе млак чај од камилица и измешајте една лажичка сода бикарбона. Натопете памучен туфер и ставете го под очите околу 15 минути. Важно е течноста да не биде жешка, бидејќи кожата околу очите е исклучително тенка и чувствителна. По третманот нанесете хидратантна крема или природно масло.

Ладни облоги

Ладните облоги ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат отокот. Неколку коцки мраз завиткајте ги во памучна крпа и држете ги под очите до 15 минути. Никогаш не нанесувајте мраз директно на кожата. Може да користите и ладна лажица или навлажнета студена крпа.


Масла со хидратантно дејство

Аргановото и кокосовото масло се богати со витамин Е и антиоксиданси кои ја обновуваат кожата и ја подобруваат нејзината еластичност. Навечер нежно нанесете неколку капки под очите и оставете да делуваат преку ноќ. Наутро измијте го лицето со млака вода.