[ВИДЕО] Шерон Стоун не робува на трендовите и природно старее: „Треба ли да бидеме преплашени кога ќе се погледнеме во огледало?“

Точка

19/02/2026

16:00

562

Големина на фонт

а а а

Американската актерска ѕвезда Шерон Стоун ги охрабри жените да се чувствуваат удобно во сопствената кожа и да не се плашат од стареењето. Таа, исто така, се осврна на стандардите за убавина што општеството се обидува да ни ги наметне.

„Зошто во 2026 година сè уште се плашиме од стареењето и автентичноста? Ние сме повеќе од изглед. Ние сме повеќе од изглед... Ние сме уметници, мајки, сестри, сопруги, медицински сестри, учителки... Листата продолжува!“, наведе во описот на снимката.


Додаде дека пред неколку недели се налутила откако снимателската екипа побарала од кадарот да се измести слика со наслов „Божица“, на која има гола жена.

„Се плашиме од голотијата на нашите екрани, на нашите тела, во нашиот дом, но не и од насилството или од секоја друга работа со која сме постојано бомбардирани од ден на ден? Бидете реални!“, напиша таа.


Во снимката праша дали треба да бидеме преплашени кога ќе се погледнеме во огледало, па продолжи:

„Зошто би требало да се плашиме од тоа што сме човечки суштества? Тоа ми е најчудната работа на светот“. Своето тело го опиша како стан во кој живее.

Многумина во коментарите на Инстаграм ја пофалија актерката затоа што, за разлика од многу други познати личности, одбива да робува на стандардите за убавина.


„Секоја чест“, „Нема апсолутно ништо лошо во тоа да се чувствуваме удобно во сопствената кожа“, „Вака зборуваат вистинските ѕвезди“, „Погледни колку далеку стигна само затоа што веруваш во себе“, „Ти благодарам што го трасираше патот за сите нас“, се дел од коментарите.