Откако даде оставка за да ја започне својата кампања за претседателските избори кои следат во Барселона, Жоан Лапорта реши малку да се дистанцира од јавноста, но денешниот акт кој го имал по повод промоцијата на својата кандидатура, легендарниот прв човек на клубот го искористил за да испрати рафал за последните случувања.
Барселона беше оштетена на гостувањето кај Џирона и не беше досуден чист прекршок над Кунде во акцијата за 2:1 на домашниот тим, па во ситуација кога во моментов не ја извршува функцијата на претседател на Барса, Лапорта реши да отиде чекор подалеку во критиките кои ги подели до судиите во Шпанија.
– Има неколку судиите кои кога судат на нашиот тим, прават се за да не „пое.ат“! Извинете на изразот, но тоа е вистината. Ова се чувствува констатно кога имаме предност и ова е реалноста кај нас. Можам да ви ги набројам по име сите судии кои го прават тоа против нас. Станува збор за судии кои имаат мисија да и наштетат на Барселона, ситуации 50-50 ги судат во корист на противникот, – изјави Лапорта, кој не пропушти да испрати „отровни стрели“ и кон главниот ривал за титулата, Реал Мадрид.
– Кога ние имаме мал пад во формата, се обидуваат сите да го искористат тоа и да не уништат. Кога ривалот од Мадрид има мал пад, нив им помагаат со судиски одлуки.
– Тие се научија да нуркаат и мајсторски се фрлаат во базен без контакт (алудира на досудените пенали). Знаеме дека треба да се бориме против се и против сите за да бидеме шампиони, но подготвени сме да го направиме тоа, – изјави Лапорта.







