[ФОТО] Невообичаена објава: „Барам сериозни луѓе со капитал, да купиме земјиште во Солин“

Точка

18/02/2026

12:28

740

Големина на фонт

а а а

Во една група посветена на недвижности во Далмација осамна несекојдневна (анонимна) објава.

„Со оглед на лудите цени по квадрат, барам храбри, но сериозни луѓе/партнери. Планот е да се купи земјиште и да се изгради помала зграда со четири или повеќе станови (во зависност од интересот). Преферирам Солин, кој е најблиску до Сплит, каде што се сомневам дека има земјиште за ваква помала градба.

Поентата е да се пронајдат семејства и луѓе кои имаат одреден капитал, но се свесни дека цените отидоа во небо и дека, доколку сакаат стан во новоградба, секако ќе ги финансираат ‘инвеститорите’ кои веќе сега нудат станови што ќе бидат готови во 2027 година.

Исто така барам и земјишта во Солин од околу 1000 квадрати за истата намена. Сите заинтересирани можат да се јават во коментарите, како и сите сопственици на земјиште за продажба“, објави анонимниот член на групата.


„Ни со роден брат не би, а камоли со непознат.“

Објавата привлече голем интерес. Некои ја поддржаа идејата, но многумина изразија и сомнеж.

„За вакво нешто, криењето зад анонимен профил ја руши довербата која е неопходна за ваков потфат. Исто така, ако барате сериозни луѓе, прво како иницијатор покажете дека и сами сте сериозни: што лично нудите, колкав капитал имате, какви вештини донесувате и кој дел од работата би го презеле на себе во рамките на овој комплексен потфат. Најлесно е да се млатат празни зборови зад анонимен профил“, напиша еден корисник.

„Ни со роден не би градел нешто, а камоли со непознати луѓе во овие денешни никакви времиња“, „Идеја со замисла, но малкумина сме храбри“, „Одлична идеја, да се соберете неколкумина и да го направите тоа“, пишуваа други.