[ВИДЕО/ФОТО] Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Макфакс

16/02/2026

15:41

1.325

Големина на фонт

а а а

Директорот на Јавното претпријатие Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка.

„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце – Крива Паланка).

Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес. Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море”, објави Ивановски.

Бележиме прогрес 🛤🇲🇰

Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон...

Posted by Sinisha Ivanovski on Monday, February 16, 2026