[ФОТО] Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“

Макфакс

16/02/2026

12:57

620

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.

Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.

Реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“

Проектот опфати поставување нов асфалтен слој со...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, February 16, 2026

„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.

Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.