Пред нас се натпреварите од 4. рунда на англискиот ФА Купот, пресметки кои ќе се играат од вечерва, па се до понеделник.
Во оваа фаза има интересни мечеви, има и неколку премиерлигашки соочување што секако носат дополнителен интерес од јавноста. Крис Сатон како фудбалски експерт за „Би-Би-Си“ имаше можност да го истипува секој натпревар со точен резулат и да каже кој клуб ќе се пласира во следната фаза.
Некогашниот најдобар стрелец во Премиер лигата очекува изненадувања на дел од дуелите, воедно смета дека Сити ќе понуди нова голеада, нешто слично како против Ексетер, додека верува дека Ливерпул ќе излезе како победник од дуелот со Брајтон, ама по драма која ќе биде решена на пенали.
Типови на Сатон:
Хал-Челси 1-4
Рексам-Ипсвич 1-1 (гостите победуваат на пенали)
Бартон Албион-Вест Хем 1-2
Барнли-Мансфилд 3-2
Манчестер Сити-Салфорд 8-0
Норич-Вест Бромвич Албион 2-0
Порт Вејл-Бристол Сити 0-2
Саутемптон-Лестер Сити 2-1
Астон Вила-Њукасл 2-1
Ливерпул-Брајтон 1-1 (домаќините ќе слават на пенали)
Бирмингем-Лидс 1-0
Гримзби-Вулверхемптон 1-1 (домаќините ќе победат на пенали)
Оксфорд-Сандерленд 0-2
Стоук-Фулам 0-2
Арсенал-Виган 3-0
Маклесфилд-Брентфорд 1-2







