Почнуваме и завршуваме на домашен терен: Познат е распоредот на Македонија за натпреварите во Лигата на нации

Дерби

13/02/2026

12:55

223

Големина на фонт

а а а

Македонија вчера во Брисел ги доби ривалите за Лигата на нации, издание во кое за првпат ќе играме во Б конкуренцијата што значи дека ќе имаше потешки, посериозни ривали на спротивната страна.

Ждрепката ни донесе незгодна група, две селекции кои веќе се пласираа на Светското првенство кое летово ќе се одигра во САД, Канада и Мексико (Швајцарија и Шкотска) плус Словенија.

Ова ќе биде идеална можност да се види на кое ниво е нашиот национален состав против Швајцарците, Шкотите и Словенците со кои ќе ги одмериме силите од сепетември до ноември.

Познат е и распоредот, ЛН ќе ја отвориме и затвориме на домашен терен, а интересно е што сите средби ќе ги играме во вечерниот термин 20:45 часот.

РАСПОРЕД:

26 септември: Македонија – Швајцарија 20:45

29 септември: Словенија – Маедонија 20:45

3 октомври: Македонија – Шкотска 20:45

6 октомври: Швајцарија – Македонија 20:45

13 ноември: Шкотска – Македонија 20:45

16 ноември: Македонија – Словенија 20:45