Атлетико Мадрид ја разнесе Барселона во првото полувреме на „Метрополитано“ и успеа да постигне четири гола во мрежата на каталонскиот гигант, предност која се покажа како доволно добра за голема победа во првиот од двата предвидени меча за пласман во финалето во Копа дел Реј.
Резултатски гледано, Барселона го претрпе најтешкиот пораз во ерата на Ханси Флик, но Германецот по потопот уверуваше дека ништо не е готово и дека неговиот тим е способен да направи чудесен пресврт на „Камп Ноу“ по поразот од 4:0.
– Не игравме добро како тим, особено не во првото полувреме. Имаше огромна разлика меѓу ставот на играчите на двата тима, имаше недостаток на притисок од наша страна. Понекогаш е добро да добиете ваква лекција во фудбалот.
– После првото полувреме во кое примивме четири гола, заиграмве подобро и не се предадовме. Ќе се бориме на реваншот, потребни ќе ни бидат по два гола во едно полувреме и ништо не е завршено.
– Ќе ни биде потребна нашата публика на реваншот, но се ќе биде возможно ако постигнеме по два гола во секое полувреме, – изјави Флик.








