Кош под прекршок: Мајсторската тројка на Димитријевиќ во драматичната завршница во Тел Авив

Дерби

13/02/2026

11:17

345

Големина на фонт

а а а

Макаби Тел Авив и Баерн Минхен го одиграа еден од највозбудливите натпревари во оваа сезона во Евролигата, пресметка на која беше потребен екстра период за да се добие победникот или во случајот домашниот тим кој славеше со 111:106.

Гостите од Минхен ја испуштија шансата за славје во регуларниот дел кога во самата завршница нашиот Ненад Димитријевиќ имаше специјален момент.

На девет секунди до крајот Димитријевиќ успеа да погоди тројка под прекршок, израмни на 98:98, а потоа и го погоди дополнителното слободно фрлање. Меѓутоа Баерн не успеа да се одбрани во последниот напад на домаќините, Џесап го фаулираше Брисет на две секунди до крајот, погоди еден од двата „пенали“ по што натпреварот одите во продолжение каде Макаби подобро се снајде и издвојува триумф.

Нено го одигра најдобриот меч во дресот на „баварците“ забележа дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции со само едно промашување од игра.