Александар Чеферин како главен претставник на УЕФА вчера постигна мировен договор со Флорентино Перез, човекот кој беше главен иницијатор на идејата Суперлига, а воедно и главен противник на монополот кој го ужива Европската фудбалска Федерација.
По иницијатива на Насер Ал Келаифи како претседател на Европската клупска асоцијација, Чеферин и Флорентино седнаа на маса и постигнаа договор според кој сите страни во иднина ќе работат во иста насока, а со тоа беше означен крај на натпреварувањето кое никогаш не беше стартувано.
Ова се случи само неколку дена откако Барселона како клуб целосно се дистанцираше од Суперлигата, па Чеферин како прв човек на УЕФА сега го прослави ова како голема победа за фудбалот.
– Клубовите се тие кои носат амбиција во нашиот спорт. Кога зборуваме за клубовите, не можам да не го нагласам она што се случи вчера. Пресреќен сум што Реал Мадрид и Барселона се враќаат во нашето УЕФА семејство. Сите бевме изморени од тој спор и нашата војна.
– Сакам да бидам појасен. Имавме спротивставени мислења со Флорентино Перез, но никогаш не ја загубивме меѓусебната почит. Единствен победник од цела ситуација е фудбалот. Посебно сум му благодарен на Насер Ал Келаифи, бидејќи неговото лидерство направи сите да бидеме сплотени и да гледаме во иста насока, – изјави Чеферин.








