Бум за Suzuki Jimny: Цените на половните модели одат во небо – кој стои зад побарувачката?

Точка

11/02/2026

22:31

574

Големина на фонт

а а а

"Suzuki Jimny“ отсекогаш имал поинаков, посебен статус. Токму затоа денес како половен е особено баран. Овој модел моментално е толку посакуван што како половен без проблем може да биде поскап и од нов.

Продажбата на „Jimny“ во Европа целосно беше прекината во 2024 година, што дополнително ја поттикна побарувачката. На пазарот на половни возила сè уште може да се најдат примероци во одлична состојба, без модификации и со мал број поминати километри. Сепак, љубителите на овој теренец треба да побрзаат, бидејќи понудата сè повеќе се намалува, а цените паралелно растат сè побрзо.


„Jimny“ како комерцијално возило

Првите две години втората генерација на јапонскиот теренец се продаваше како класичен патнички автомобил. Потоа „Suzuki“ се соочи со проблеми поврзани со емисиите на CO₂, а решението беше пронајдено кон крајот на 2021 година: „Jimny“ стана комерцијално возило со две седишта и преградна решетка зад нив. За погонот и натаму е задолжен 1,5-литарски четирицилиндарски бензински мотор со 102 коњски сили.

Наместо луксуз, возачот во кабината на „Jimny“ го пречекува функционалност проткаена со култен статус.


Вистински теренски карактеристики

Овој култен теренец е опремен со сè што купувачите со години го ценат. Покрај прегледната и функционална кабина со големи копчиња и прекинувачи, тука се и класичните теренски карактеристики: гуми „Yokohama AT", заштита на подвозјето, пластични рабови на калниците и, секако, погон на сите тркала со редуктор. Има место и за малку удобност, па седиштата обложени со ткаенина се опремени со грејачи.


Новиот "Suzuki Jimny“ во Европа, додека беше достапен за купување, се продаваше за околу 27.000 евра, а денес некои примероци вредат и 10.000 евра повеќе. Тоа е класичен однос меѓу понудата и побарувачката — и сопственици кои очигледно премногу го сакаат овој автомобил.