Го покажа вереничкиот прстен вреден 200.000 долари: Сите зборуваат за дијамантот што го носи Хали Бери!

Точка

11/02/2026

18:21

462

Големина на фонт

а а а

Актерката Хали Бери првпат се појави на црвениот тепих откако се сврши со музичарот Ван Хант, а сите погледи беа вперени во нејзината лева рака. Оскаровката (59) заблеска на премиерата на својот нов филм „Crime 101“ во Лос Анџелес, каде гордо го покажа раскошниот веренички прстен.

Во елегантен црн костум и свилена блуза, Хали ја истакна својата витка фигура, но јасно беше дека главната ѕвезда на вечерта е блескавиот дијамант на нејзината рака. Додека позираше пред фотографите, внимателно го истакнуваше вереничкиот прстен, иако на црвениот тепих беше во друштво на колегата Крис Хемсворт.


Прстен вреден вистинско богатство

Станува збор за впечатливо парче накит во „art deco“ стил, со голем централен дијамант опкружен со црни камења во геометриски дизајн. Експертот за накит Најлеш Ракхолија ја процени неговата вредност меѓу 120.000 и 200.000 долари, земајќи ги предвид големината на дијамантот, квалитетот на камењата и сложената изработка по нарачка.

Актерката косата ја собра во лежерна, елегантна пунџа, а изгледот дополнително го надополни со дијамантски ѓердан и обетки.


Забуна околу свршувачката

Хали Бери, која зад себе има три брака, минатиот четврток и официјално ја потврди свршувачката гостувајќи во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“. Претходно медиумите шпекулираа за нејзиниот однос со Ван Хант (55), со кого е во врска од почетокот на пандемијата.

Забуната настана по интервју во кое откри дека Хант ја запросил уште во јуни минатата година, но тогаш сè уште немала дадено конечен одговор. Три дена подоцна ја разјасни ситуацијата: „Настана конфузија дека ме запросил, а дека сум рекла не. Не реков не. Само сè уште немаме датум за венчавка“, објасни таа.

За да ја отстрани секоја дилема, додаде: „Секако дека реков дека ќе се омажам за него. Ми стави прстен на раката.“