Надал за подвигот кој го брка Ѓоковиќ: Освојување на 25-та грен слем титула нема да промени ништо во тенисот

Дерби

11/02/2026

11:33

4.379

Големина на фонт

а а а

Фондацијата на Рафаел Надал отвори нов голф терен во Шпанија и тоа беше добра причина за тениската ѕвезда да се појави на промоцијата, а како еден од најдобрите играчи на сите времиња, одново доби прашања за своите ривали.

Надал речиси при секое свое појавување пред новинарите е приморан да зборува за Рожер Федерер или Новак Ѓоковиќ, но во дадениот случај, говореше за играчот кој се уште е активен на АТП турот.

Србинот пред десетина дена играше во големото финале на Аустралијан Опен и загуби во четири сета од Карлос Алкарас, меч на кој се бореше за историја и 25-та грен слем титула во кариерата.

Во оваа доцнежна фаза од тениското патување, најголем предизвик за Ноле е токму 25-та грен слем титула, но Надал смета дека освојување на такво нешто нема да промени речиси ништо во тенисот.

– Освојување на 25-та грен слем титула од страна на Новак нема да биде ниту добро, ниту лошо за тенисот. Мислам дека тоа нема да промени ништо во тениска смисла, – порача Надал.