Нејмар се врати и среќно избегна нова повреда по жесток старт на противнички играч

Дерби

16/02/2026

12:29

236

Големина на фонт

а а а

Нејмар се надева дека ќе биде фит и максимално подготвен во пресрет на Светското првенство и на тој начин да добие повик од селекторот Карло Анчелоти, но во тоа не му помагаат противничките фудбалери.

Големата ѕвезда на бразилската фудбалска сцена се врати во редовите на Сантош по операцијата со која ја санираше повредата и веднаш беше жртва на груб старт на ривалски фудбалер.

Сантош доминираше во Паулиста дуелот со четвртолигашот Вела, но Нејмар за малку ќе си резервираше ново отсуство од фудбалските терени.

Стартот на противникот за малку ќе беше кобен по зглобот на Нејмар, но за среќа фудбалерот на Сантош можеше да го продолжи натпреварот и потврди дека не заработил нова повреда.