Актерот Џејсон Бејтман се најде на удар на критики по новото интервју во кое повеќе пати ја прашуваше пејачката Чарли XCX за деца.
Поп-ѕвездата беше гостинка во Бејтмановиот подкаст „SmartLess“ (што го води со Шон Хејс и Вил Арнет) за да го промовира својот нов мокјументари филм „The Moment“.
Непријатниот разговор за деца
За време на разговорот, Бејтман сугерирал на Чарли дека „можеби би можела да најде некого“ кој ќе ѝ го промени мислењето за тоа дека не сака да има деца – иако пејачката веќе е во брак со Џорџ Данел, тапанарот на бендот „The 1975“.
Актерот, кој со сопругата Аманда Анка има две деца, ја прашал пејачката: „Дали би сакала да имаш повеќе од едно дете или би претпочитала да имаш едно дете кое би имало исто искуство како тебе, па да можеш да го негувaш и заштитиш?“
Чарли одговорила кратко и јасно: „Всушност, воопшто не сакам да имам деца.“
Ко-водителот Хејс се надоврзал со прашање: „Не сакаш? Почекај, зошто? Знам дека не е моја работа…“ и признал дека ни тој не сака деца: „Би сакал да сакам да имам деца… Го кажав тоа милион пати, но пре би жалел што немам, отколку да имам и потоа да жалам. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“
Чарли појаснила дека нејзиниот став за мајчинството „можеби ќе се промени“, но додала дека целата идеја често ѝ се сведува на романтична фантазија: давањето имиња ѝ звучи забавно, но токму тоа ѝ покажува дека веројатно не е подготвена. „Фактот што ми се чини дека давањето имиња е најинтересниот дел од сето тоа покажува дека можеби не сум подготвена, разбирате?“.

Бејтман на тоа повторно го насочил разговорот кон „ќе го промениш мислењето“ и го раскажал сопствениот пример: рекол дека неговата сопруга наводно не сакала деца, но кога почнале да се забавуваат, помислила: „Добро, мислам дека со овој човек можам да имам дете.“
Потоа ѝ дофрлил на пејачката: „Значи, можеби ќе најдеш некого“, на што Чарли одговорила: „Па, јас сум во брак.“ Бејтман потоа се обидел да извлече шега: „Морам да почнам да читам весници. Со вашиот следен сопруг, ќе посакате деца.“
Жестоки критики од слушателите
По емитувањето на епизодата, Бејтман се соочил со низа негативни коментари, најмногу на „Reddit“. Слушателите ја опишуваа епизодата како „ужасна“, а моментот како „многу непријатен“. Дел од публиката му замерила што низата прашања за деца звучеле „агресивно хетеронормативно“ и што инсинуирал дека Чарли ќе го промени мислењето кога „ќе го запознае вистинскиот човек“.
SmartLess Episode 291: Charli xcx
by
Еден коментар го резимирал впечатокот: „Зошто, по богу, општеството постојано врши притисок врз жените да имаат деца?!” Друг истакнал дека Бејтман е особено непријатен кога раскажува како „ја убедил“ сопругата да има деца, а некои заклучиле дека актерот „има навика да ги омаловажува жените“.
Одбрана на актерот
Сепак, дел од слушателите застанаа во одбрана на Бејтман. Тие тврдат дека несмасноста делумно е последица на форматот на подкастот: едмиот водител го избира гостин, а другите двајца наводно не знаат однапред кој доаѓа ниту детали од неговиот приватен живот. Поради тоа, некои коментирале дека критиките се претерани и потсетиле дека целата поента на името „SmartLess“ е во тоа што водителите често влегуваат во разговор „без подготовка“ и се снаоѓаат во текот на истиот.
Чарли за мајчинството пее и во песните
Чарли темата за деца и мајчинството ја обработува и во песната „I Think About It All The Time“ од албумот „Brat“, во која ги опишува грижите дека ѝ „истекува времето“, преиспитува контрацепција и сопствени приоритети. Во рефренот пее за постојаното размислување, чувството дека времето тече и прашањето дали мајчинството еден ден би ѝ дало нова смисла.












