„Невидливи“ зафати: Убавото лице на славната актерка на 68 години не е „дар од природата“

Точка

06/02/2026

21:48

386

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Мишел Фајфер (67) иако одамна е во седмата деценија, со својот изглед воодушевува на секој чекор.

На последното појавување ги маѓепсала присутните со лежерно модно издание, но многу повеќе се зборувало за нејзиното убаво лице.

Познато е дека Мишел изгледа младолико, но со голо око на нејзиното лице не се забележуваат естетски зафати и речиси е невозможно да утврдите дали и што точно направила на себе.


Според зборовите на естетскиот хирург, д-р Пол Банвел, сјајот и убавината на Мишел се резултат на внимателна нега, а не на магија. Сепак, јасно е дека актерката не сака да ја „избрише“ возраста.

Како што рекол хирургот, можно е актерката да направила конзервативен лифтинг на долниот дел од лицето и затегнување на вратот, со подигнување на веѓите и капаците, пишува Дејли Мејл.


Со оглед на тоа што Мишел ја краси и одличен тен, д-р Банвел тврди дека за тоа се заслужни хемиски пилинг и ласерски третмани.

Едно е сигурно: сето тоа не е резултат на еден третман, туку на години вложување и тоа со мали количества ботокс за нејзиното лице да не ја изгуби подвижноста.


Според Банвел, „импресивно острата дефиниција долж вилицата и вратот веднаш паѓа во очи“.

„Иако добрата нега на кожата и здравиот начин на живот секако имаат важна улога, вакво ниво на структурна потпора често укажува дека во некој момент можеби имала корист од внимателно промислено хируршко одржување“, објаснил хирургот.


Она што е важно – сè делува незабележливо и Фајфер не добила „ново лице“, туку само подобрена верзија на „старото лице“.