Овие меки колачиња од само три состојки се одлично решение кога сакате брз десерт

Точка

03/04/2026

20:20

172

Големина на фонт

а а а

Ако ви е потребно брзо решение за дополнителен десерт на масата, задолжително испробајте го рецептот за колачиња од само три состојки.

Рецептот е толку едноставен што нема да ви биде потребен ни миксер, ниту дополнително ладење на тестото во фрижидер.

Сè што ќе ви биде потребно од „опрема“ е еден поголем сад, лажица за мешање, тава и хартија за печење. Тестото не содржи никакви средства за нараснување, однадвор се крцкави, а внатре меки.

Потребни состојки:

● 220 грама солен путер
● 250 грама брашно
● 200 грама кафеав шеќер


Подготовка:

Оставете го путерот на собна температура за да омекне. Исто така, ако немате солен путер, додадете прстофат сол при мешањето. Омекнатиот путер измешајте го со шеќерот.

Потоа додадете го брашното и повторно мешајте додека не добиете хомогена смеса. Тестото обликувајте го во топчиња со пречник од приближно пет центиметри. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Врвовите сплескајте ги пред печење за колачињата рамномерно да се испечат. Печете ги 10 до 12 минути на 175°C, додека не поруменат по рабовите. Оставете ги да се изладат пет минути во плехот, а потоа се подготвени за уживање.