Јајцата и месото станале основа на неговата исхрана, бидејќи сфатил дека со 136 килограми не може нормално да функционира и да живее. Ова е неговата приказна.
Кога сфатил дека со 136 килограми не може да функционира како што сака, решил својата исхрана да ја базира исклучиво на јајца и месо.
Патрик Енсли, татко на едно дете, сакал целосно да го промени својот живот. Во моментот кога имал 136 килограми, заедно со сопругата Кејтлин решил нивната исхрана да се состои само од јајца и месо. Секојдневно се чувствувал исцрпено, немал сила ни да помине време со својот син, а потоа следувала и депресија.
„Се будев по неколку пати во текот на ноќта. Дури и кога ќе спиев десет часа, наутро не сакав да станам од кревет. Бев вкочанет и уморен. Имав болки во нозете, грбот и колената и бев целосно несреќен“, изјавил Патрик за „Mail Online“ и додал дека останувал без здив секогаш кога се качувал по скали.

Моментот што променил сè
Тоа бил моментот кога сфатил дека мора нешто да промени. Почнал од исхраната. Решил секој ден да јаде шницли од 450 грама, половина килограм мелено месо и шест јајца. Кога ќе почувствувал потреба за грицкање, Патрик јадел чварки, тенко сечено сирење и сувомеснати производи. Сето тоа го направил поради силна причина – за да може да го гледа својот син како расте.
„Запишете го тоа некаде. Јас ставив фотографија од мојот син како позадина на телефонот, за да ја гледам секој ден. Ставете потсетник на место каде што постојано ќе го гледате. Фотографирајте се за да ги следите промените. Ќе видите колку сте ослабеле и ќе можете да го следите напредокот, како на пример губење 20 сантиметри обем на стомакот. Кога вагата ќе престане да покажува напредок, тие фотографии и мерења ќе ве потсетат дека и понатаму напредувате, што помага да не ја изгубите мотивацијата“, рекол Патрик.

„Животот ми се промени“
По една година, Патрик успеал да изгуби 64 килограми и 48 сантиметри обем на стомакот. Спие подобро, а се буди полн со енергија и без болки.
„Дури и по првиот месец или два забележав огромна промена во расположението, амбицијата и позитивноста. Ментално се чувствував подобро речиси веднаш. Ова искуство целосно ми го промени животот и повторно ја пронајдов својата смисла“, изјавил Патрик, кој сега се качува по скали без тешкотии.
„Сега доаѓам дома и можам да го фрлам мојот двегодишен син на каучот, да го нишам наопаку, да си играме со камиони и возови и да правиме сè што сака, а сепак да ми остане енергија“, рекол Патрик, кој сега планира постепено да врати дел од намирниците во исхраната за да се приспособи на живот без ограничувања.
















