[ФОТО] Црвени халтери, мини здолниште, голи гради и стомак: Актерката во никогаш попровокативно издание

Точка

05/02/2026

11:29

1.954

Големина на фонт

а а а

Ако во животот постојат три сигурни работи, тогаш тоа се смртта, даноците и фактот дека гардеробата на Марго Роби на промотивните турнеи секогаш е – класа над сите други.

По модната бајка за време на промоцијата на филмот „Barbie“ во 2023 година, славната актерка 2026 година ја отвори во голем стил. Во соработка со стилистот Ендру Мукамал, Марго се врати на црвениот тепих по повод промоцијата на филмот „Wuthering Heights“, а нејзините модни избори веќе се прогласени за полн погодок.

Најновиот стајлинг? Вистинско модно богатство – архивски „Dior“ што во 1992 година го креирал Џон Галијано, во време кога Марго сè уште немала ни две години.


Актерката овој аутфит го носеше на 4-ти февруари на лондонскиот фотокол на филмот. Станува збор за светлозелен, долг капут-фустан со мотив на тоал, украсен со нежни, бледорозови пердуви на ракавите и околу вратот. Капутот бил закопчан во пределот на струкот, додека стомакот останал дискретно откриен.

Под него Марго носела црно мини-здолниште и халтери закачени за црвени чорапи над колената, украсени со розова панделка. Стајлингот го заокружи со сатенски салонки „Manolo Blahnik“ во ледено сино-сива нијанса.


Русата коса ѝ била разделена на средина и подигната, со прамени кои го врамуваа лицето, а во одредени моменти Марго додала и тенки црни очила за сонце во стилот на деведесеттите – јасен омаж на легендарната ревија на Галијано „Наполеон и Жозефина“. Од накит носела дијамантски и бисерни обетки на дизајнерката Џесика Мекормак.


За време на целата промотивна турнеја на филмот, Мукамал за Марго избираше креации од модните куќи „Chanel“, „Schiaparelli“, „Victoria Beckham“, „Dilara Findikoglu“ и „Tom Browne“, претежно од актуелните колекции. Токму ова винтиџ „Dior“ парче внесе дополнителна доза свежина и луксуз во веќе импресивната модна приказна.


Филмот „Wuthering Heights“ во кината пристигнува на 13-ти февруари, а романтичните сцени меѓу Роби и Џејкоб Елорди веќе предизвикуваат голем интерес. Сепак, актерката истакнува дека снимањето не ѝ било потешко од другите улоги.

„Филмот едноставно бара многу од сите нас. Мојот лик практично плаче во секоја сцена, но тоа беше вистинско задоволство. Обожавав да играм некого што од едно екстремно чувство преминува во друго во дел од секунда“, изјави Марго.


Режисерката на филмот Емералд Фенел не го криеше воодушевувањето од главната актерка:

„Таа е инспирација. Исклучителна жена, мајка, продуцентка и неверојатно талентирана актерка. Со сето тоа, секогаш има време и трпение за луѓето околу себе. Едноставно – најдобра“.