Наоѓањето на вистинскиот производ за нега на кожата, ми се чинеше како да барам игла во сено! Акните знаат да предизвикаат разочараност и обично “патувањето” за надминување на оваа состојба е обележано со многу обиди и грешки, но и удари врз самодовербата.
Постојаната борба против појава на акните или црвенила и лузни ми создаваа непријатно чувство, па почнав да се повлекувам од социјалните интеракции. Истоштувачки е да се пробуваат разни производи и да не се знае дали ќе го подобрат или влошат здравјето на кожата. Се решавав и за терапии со медицински рецепти, но за мене тоа не беше трајно решение.

Моето искуство како тинејџер кој во својот средношколски период се соочил со предизвикот акни значеше барање на ефикасно и долгорочно решение, вели Дарко, 19-годишен студент од Скопје.
Искрено пробав сѐ и сешто, пред да стигнам до смирувачката колекција на Еуцерин DERMOPURE clinical која за мене значеше крај на ова истоштувачко патување.

За Еуцерин DERMOPURE clinical слушнав од мојата најдобра другарка, таа веќе ја користеше и најпрво се обидов со нејзиниот производ за да се уверам дека тоа е добро и за мене. Таа ми објасни дека серумот е најдобро да се користи заедно со гелот за измивање, а по потреба да се комбинира хидратантна крема од истата колекција.
Да се интегрираат барем овие два производи во дневната рутина мене не ми претставуваше тешкотија и не ми одземаше време. Веднаш забележав промени по неколку недели секојдневна нега. Воспалението прво почна да се намалува а потоа сосема исчезна. Производите воопшто не ја исушија мојата кожа со што се соочував константно во минатото.

Ова искуство ме научи дека за битка против акните важно е да се најде линија за нега на кожата што е специфично таргетирана за проблемот со кој се справуваме. Вредноста на трпеливоста во мојот случај се исплатеше, но и конзистентноста во рутината и целокупната секојдневна нега и лична посветеност.
Комерцијален текст











