Слот: Задоволството на навивачите е повредно од трофеите…

Дерби

05/02/2026

11:50

238

Големина на фонт

а а а

Арне Слот ја тера втората сезона на кормилото на премиерлигашот Ливерпул, сезона која е далеку потурбулентна од претходната во која беше освоен пехарот во Премиер лигата.

„Црвените“ сега се далеку од одбрана на титулата во ова натпреварување, го завршија настапот во Лига Купот и останува знак прашање што можат да направат во ФА Купот и Лигата на шампионите каде допрва следуваат вистинските битки.

Слот во изминатиов период беше под притисок и сигурно ќе биде така и во иднина ако екипата не го испорача она што се очекува. Меѓутоа Холанѓанецот е мирен и порача дека стилот на игра е поважен од освоените пехари на подолг временски период.

- Како менаџер можете да ја освоите лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот или Лига Купот, но најголемата победа е кога играте најдобар фудбал за гледање. Во моментов, навивачите можеби не го делат целосно тоа мислење, но тоа е апсолутно нешто кон што се стремам. Секогаш сакам да имаме посед на топката, да бидеме интензивни и навивачите да уживаат во она што го гледаат, - истакна Арне кој ги разбира критиките од навивачите.

- Не сите навивачи уживаат да нè гледаат како играме и тоа е најтешкиот дел, дури и ги разбирам и се согласувам со нив. Трофеите се едно, но да се биде тим, клуб или тренер кој е посветен на добар фудбал вреди повеќе на долг рок, - подвлече стратегот.