Киву: Интер може да напредува и без да купи нови играчи

Дерби

05/02/2026

11:48

208

Големина на фонт

а а а

Составот на Интер го доби Торино со 2-1 и се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија.

Тренерот Кристијан Киву ги „измеша картите“ и им даде шанса и на некои нови имиња како Исака Камате и Матео Коки, но тоа не беше проблем да се дојде до посакуваниот резултат.

- Не сум новинар, ниту играм фантази фудбал, па затоа нема да давам оценки за играчите. Задоволен сум од играта, енергијата што ни беше потребна во ваков натпревар и она што успеавме да го создадеме. Неизбежно, кога резултатот ќе стане 2-1, противникот добива втор здив и се обидува да го искористи тој ентузијазам, но не ни предизвикаа толку многу проблеми.

- Знаеме со кого си имаме работа и со кои играчи работевме. Ова се натпревари каде што ви треба енергија и свежина, па затоа ги избрав играчите кои имаа енергија. Не заборавајте дека имавме напорен јануари и ќе имаме уште позафатен февруари. Ги пофалувам Коки и Камате, но исто така сакам да ги пофалам и оние кои ја водат младинската академија на Интер, кои работеа со овие момци низ годините.

- Стефано Веки одлично ја врши работата како тренер на тимот до 23 години, а овие момци се подобруваат, па можат да ни бидат од корист во текот на целата сезона, - истакна Киву и додаде:

- Можеш да го подобриш тимот дури и без да доведеш нови играчи. Се обидовме да направиме нешто, но јануарскиот трансфер пазар е многу тежок. Имавме 23-24 играчи, со оглед на тоа што Паласиос си замина, но овие одлични момци од тимот до 23 години можат да ни помогнат, - заклучи Романецот.