Светските патници препорачуваат: Овие 10 места треба да ги посетите во 2026 година

Точка

04/02/2026

19:22

396

Големина на фонт

а а а

Рецензиите на познатата интернет-платформа за патувања „Tripadvisor“ се одлична помош при планирање нова дестинација за посета.

Оценките и мислењата на патниците се и основа за наградата „Travelers' Choice Award Best of the Best“, која „Tripadvisor“ ја доделува на најдобрите дестинации, хотели, ресторани и атракции.

Кога станува збор за дестинации што треба да се посетат во 2026 година, наградата „Best of the Best“ му припадна на Бали. Оваа рајска дестинација со бескрајни плажи и фин бел песок, корални гребени, богата флора и фауна е совршен избор за љубителите на активен одмор.


Познатиот интернет-портал за патувања оваа година го препорачува и главниот град на Обединетото Кралство. Лондон нуди можност да истражите различни светови „во едно“ – од панкерскиот дух на Камден до елегантниот Портобело Роуд. Таму ниту еден ден нема да ви биде ист.


Популарноста не ја губи ниту Дубаи – „градот на суперлативи“ на неверојатен начин спојува модерна култура и богата историја, авантура, врвен шопинг и забава.


Во топ 10 најдобро оценети дестинации на „Tripadvisor“, четири држави се наоѓаат на европскиот континент (Обединетото Кралство, Франција, Италија, Грција) и четири во Азија, поточно во Индонезија, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Тајланд. Исклучок се само Маракеш на 7-то и Њујорк на 10-то место.

Најдобри дестинации за посета во 2026 година според „Tripadvisor“:

1. Бали, Индонезија

2. Лондон, Обединето Кралство

3. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

4. Ханој, Виетнам

5. Париз, Франција

6. Рим, Италија

7. Маракеш, Мароко

8. Бангкок, Тајланд

9. Крит, Грција

10. Њујорк, САД.