Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, се вратил во кујната со своето прво кулинарско видео откако на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм изнел опасни обвиненија на сметка на своето семејство.
Тој неодамна објавил видео на кое можеме да видиме како ги подготвува болоњезе шпагетите, покажувајќи ни ја постапката за правење јадење од почеток до сервирање.
Иако не споделил точни мерки, во видеото можеме да видиме кои состојки ги користел.
За да ги направи своите посебни болоњезе шпагети, Бруклин Бекам прво на малку масло пржел кромид, па потоа додал исечкан целер и неколку исечкани шпагети.
Во посебна тава го динстувал меленото месо, а кога тоа било готово, ја додал смесата со кромид, целер и моркови.
Непрекинато мешал, а по извесно време додал и црвено вино, па потоа и доматно пире.
Исто така и зачините имале важна улога во овој специјалитет, па додал сол, бибер и ловоров лист. Додека се крчкал сосот за болоњезе, настрана ги сварил тестенините, а потоа ги додал во сосот.

Интересно е тоа што во сосот додал и малку вода, од онаа во која се вареле тестенините.
На крај го сервирал јадењето во чинија, а над него изрендал кашкавал.
На здравје!








