[ФОТО] Се појавила и времето запрело: Парис Хилтон го оправда епитетот модна икона

Точка

03/02/2026

08:15

2.727

Големина на фонт

а а а

Влијателната личност и претприемачка се појавила на црвениот тепих во елегантен долг црн фустан, додека нејзината долга коса била пуштена, што додало романтичен шмек на целокупниот изглед.

Без сомнение, Парис Хилтон го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави, а тоа било случај и синоќа, кога се појавила на церемонијата пред доделувањето на Греми наградите што се одржа во Лос Анџелес.

Како што сугерира и самото име, ова е прелудиум за доделувањето на Греми наградите, кои наскоро ќе бидат пред нас, а Парис Хилтон покажа дека од неа можеме да очекуваме само најдобро на церемонијата..


Имено, оваа позната инфлуенсерка и претприемачка се појавила на црвениот тепих во елегантен долг црн фустан со светки, додека нејзината долга коса била пуштена, што додало романтична нота. Парис Хилтон избрала впечатлив крој кој дополнително го нагласува нејзиниот гламурозен стил.


Ова нејзино издание ја прикажува повторно во полн сјај, со минимални модни детали, а дадена му е и модерна доза на безвременски гламур. Како што може да очекуваме од неа, таа покажува дека е вистинска модна икона.


Ви се допаѓа ли модната комбинација на Парис Хилтон?