[ФОТО] Ова е една од најлошите статуи посветени на еден фудбалер: Знаете ли за кого се работи?

Точка

02/02/2026

20:05

902

Големина на фонт

а а а

Колумбиецот Радамел Фалкао повторно стана вирален и се најде во центарот на вниманието, но не поради голови, туку поради статуата подигната во неговиот роден град Санта Марта.

Статуата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многу навивачи тврдат дека повеќе личи на некаква карикатура отколку на легендарниот напаѓач.

Статуата е дело на вајарот Роберто Микиел, висока е 173 сантиметри и тешка повеќе од 88 килограми.

„Жива почит на Радамел Фалкао Гарсија“, пишува на споменатата статуа.

Во описот се наведува дека станува збор за фудбалер од Санта Марта, познат по одличните сезони во европските клубови, како напаѓач и капитен на колумбиската репрезентација.

Радамел Фалкао, познат по прекарот „El Tigre“, освоил титули во УЕФА Лига Европа со ФК Порто и Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Колумбија запишал 104 настапи, а беше и дел од АС Монако кој ја освои титулата шампион на француската Лига 1 во 2016 година.


Ова не е првпат Фалкао да добие статуа во Колумбија – претходно му беше подигнат и пет метри висок, целосно бел споменик, кој исто така не наишол на позитивни реакции затоа што не личел на него.

Потсетуваме, Фалкао настапувал и за Манчестер Јунајтед, а за клубот од Олд Трафорд одиграл 26 натпревари и постигнал само четири гола под водство на Луи ван Гал. Клубот имал опција да го откупи за околу 50 милиони евра во 2015 година, но решил да не ја искористи.


Челси една година подоцна имал можност да го доведе за околу 44 милиони евра, но и тие се откажале по неговата позајмица обележана со повреди.