Во финалето на првиот Грен слем турнир оваа сезона во Мелбурн, Австралија, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 3:1 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ по три часа игра.
И полуфиналето и финалето на Австралија опен беа напнати и возбудливи.
Додека Новак Ѓоковиќ (39) се подготвувал за своето рекордно 11-то финале на Австралија опен против Карлос Алкараз, неговата сопруга Јелена испратила силна и емотивна порака што одекна на социјалните мрежи и даде увид во притисокот и емоциите што го придружуваат големиот спортист.

Во пресрет на финалето, сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, се огласила на Инстаграм и ги споделила своите мисли со своите следбеници. Иако не беше со него во Мелбурн оваа година, нејзината поддршка никогаш не беше доведена во прашање, а со оваа објава таа го потврди тоа уште еднаш.
„Овој човек… е многу повеќе. Тој ми донесе љубов, страст, радост и интензитет на делење на животот со некој што никогаш не престанува да ги поместува своите граници. Вечерва може да биде бессона ноќ. Утре тој влегува во уште едно финале. Одимеее. Австралија опен 2026“, напиша Јелена и предизвика лавина од позитивни реакции.
Нејзината порака дојде по неверојатниот пат на Ѓоковиќ до финалето, кој многумина го опишаа како чудо. По неколку лесни победи и едно предавање на противникот, во четвртфиналето беше на работ на елиминација против Лоренцо Мусети, кој водеше со 2:0 во сетови пред да мора да го предаде натпреварот поради повреда. Кулминацијата на драмата дојде во полуфиналето, кога Ѓоковиќ го победи двократниот бранител на титулата Јаник Синер во пет сета по повеќе од четири часа исцрпувачка акција, прекинувајќи ја низата од пет порази против младиот Италијанец и станувајќи најстариот финалист на Австралија опен.








