Родри распали како никогаш досега: Луѓето не сакаат да ја освоиме титулата!

Дерби

02/02/2026

13:32

230

Големина на фонт

а а а

Тотенхем му „откина“ два бода на Манчестер Сити со сензационалниот гол кој го даде напаѓачот Соланки, но пред да дојде до моментот на магија, вреди да се напомене дека „петлите“ се вратија во игра со крајно контроверзен гол.

Во главна улога и во првата ситуација беше Соланки, со тоа што на крајот погодокот беше запишан како автогол на Геи, кој во дадената ситуација доби и удар во ногата.

Соланки го шутна стоперот на Манчестер Сити и топката од неговата нога заврши во гол, па иако имаше елементи за прекршок во напад, судијата Роберт Џонс не се огласи, но истото важеше и за судиите во ВАР собата.

Иако ситуацијата се прегледуваше, на крајот не беше преземена акција, а во ситуација кога Пеп Гвардиола се обиде да биде дипломатски настроен за новата судиска грешка на штета на Сити, еден од капитените на тимот го крена гласот.

– Малите детали прават разлика во овој спорт. Јас сум еден од капитените на тимот и сакам да кажам што мислам. На теренот не можев да видам најдобро, но сега ги видов сликите и снимките и можам да кажам дека тоа е чист прекршок. Првиот гол на Тотенхем е чист прекршок во напад. ВАР е тука поради јасна причина, да исправа неправди, но вакви мали детали прават голема разлика во фудбалот. Се обидуваме да бидеме најдобри што можеме, да не го примевме тој гол, можеби ќе победевме. Ова е само уште еден натпревар во низа, не е само овојпат.

– Никогаш не зборувам за судиите, имам огромен респект за нивната работа, но мора да се обрне внимание на вакви работи. Нашиот дефанзивец доби шут во нога, Марк беше пред топката и тоа е чист фаул. Не станува збор само за денес, ова ни се случува на неколку натпревари во низа и навистина не знам зошто е така. Знам дека освоивме премногу работи и дека луѓето не сакаат да гледаме како освојуваме титули, но судиите мора да бидат неутрални, – изјави бесниот Родри.