Монтела: Кенан има неколку сличности со легендата која ја идолизира

Дерби

10/02/2026

14:52

376

Големина на фонт

а а а

Винченцо Монтела веќе некое време работи како селектор на Турција и главен фокус му се случувањата во турскиот фудбал, но како човек кој има повеќе слободно време, вчера беше дел од тренинг кампот на Јувентус.

Како специјален гостин на тренерот Лучијано Спалети, Монтела имаше можност да ги следи активностите и да ги гледа играчите на Јувентус, па во моменти кога на големо се зборува за продолжениот договор на Кенан Јилдиз, Винченцо проговори и за споредбата меѓу него и Алекс Дел Пјеро.

– Среќен сум што Кенан потпиша договор со клубот и што има јасна иднина. Добро го познавам Кенан уште од времето кога беше дел од Некс-џен тимот на Јувентус.

– Станува збор за играч со неверојатен потенцијал кој уште се развива. Сè уште се оформува, но многу е важно што талентот го комбинира со вистински менталитет, навистина се гледа дека сака да напредува како играч.

– Споредбите со Дел Пјеро. Има сличности со неговиот идол. Ја носи 10-та на својот грб и има сличен шут. Веќе постигна неколку слични голови како Алекс, но ако се погледнат генералните карактеристики, станува збор за различни типови на фудбалери, – завршува Монтела.