Жан Кошир (41), најискусниот член на словенечката сноуборд репрезентација и трикратен освојувач на олимписки медал, го заврши настапот на Зимските олимписки игри во осминафиналето на паралелниот велеслалом.
Легендарниот Словенец откри дека условите за сместување се далеку под прифатливото ниво.
„Подобро и да не зборувам во каква соба спијам, но за трикратен олимписки освојувач на медал тоа е како да ме сместиле во штала. Ако треба да јадам леб и салама и да спијам во услови недостојни за човек, тоа повеќе нема да го правам“.

Сега реши да покаже како изгледа „шталата“, па покрај фотографијата од своето сместување напиша: „Горд сум на Словенија, дали е Словенија горда на мене?“.
Потоа објави уште една фотографија од шатор со опис дека така ќе му изгледа собата на следните Олимписки игри.

Да потсетиме, Кошир го освои дури 11-то место во паралелниот велеслалом.







