Јапонската компанија „Toyota“ и во 2025 година ја задржа позицијата на најголем производител на автомобили во светот, шеста година по ред, откако продаде повеќе од 11,32 милиони возила, и покрај предизвиците што ги донесоа американските царини.
Како што соопшти компанијата, вкупната продажба во изминатата година изнесувала 11.322.575 возила, вклучувајќи ги моделите што ги произведуваат нејзините подружници „Daihatsu“ и „Hino“, јавува јапонскиот јавен сервис „NHK“.

Остварениот резултат претставува раст од 4,6 отсто во споредба со претходната година и ја надминува продажбата на германската „Volkswagen Group“. Воедно, станува збор за најголем број продадени возила во историјата на „Toyota“.

На домашниот пазар во Јапонија, „Toyota“ продала повеќе од 1,5 милиони автомобили, што претставува зголемување од 4,1 отсто во однос на претходната година.

Позитивни трендови се забележани и на другите клучни пазари.

Продажбата во САД пораснала за осум отсто, додека на кинескиот пазар е забележан благ раст од 0,2 отсто, пренесува агенцијата „Srna“.






